Италија протера Македонец поради тероризам
Италијанските власти протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин.
- Четворицата странци, од нив еден Косовец (37) и еден Македонец (39), протерани се од Италија поради опасност по безбедноста на земјата. Еден од странците е Французин (28) кој го примил радикалниот ислам, додека другиот државјанин на Тунис (45), пишуваат албанските медиуми.
Според нив, македонскиот државјанин претходно е осудуван од судот во Сиена, регион Тоскана, поради семејно насилство и бил под надзор на полицијата. Припаѓал на парамилитарна организација активна во конфликтите на Балканот.
Подолго време бил следен и Французинот бидејќи бил на списокот на лица опасни за безбедноста на земјата.
Косовецот живеел во Болоња, бил приведуван поради насилство врз сопругата и децата при што и во затворската ќелија проповедал радикален ислам.
Државјанинот на Тунис исто така бил во затвор каде освен проповедањето радикален ислам бил поттикнувач и на конфликти во затворот.
Ново на Сител
-
Демократски сенатори поднесоа резолуција за признавање на палестинска држава
-
Во Србија од почетокот на 2026 година ќе биде првата генерација која ќе служи задолжителен воен рок
-
Ведро и посвежо утро, сончево во текот на денот
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара