Италија оди кон нов бран на епидемија, Болоња и Модена се во карантин
Во Италија за еден ден се регистрирани 347 смртни случаи од Ковид-19, и речиси 21.000 новозаразени, а процентот на заразени во однос на бројот на тестирани се зголемува и изнесува 5,8 проценти, јавија локалните медиуми.
Гвидо Бертоласо, советник на претседателот на регионот Ломбардија, тврди дека Италија со големи чекори се приближува до нов карантин.
Централната власт засега ја отфрла таквата можност и наместо да ја затвори целата национална територија, применува локални мерки.
Претседателите на одредени региони сами ги заоструваат антиковид мерките.
Болоња и Модена, во регионот Емилија-Ромања, ќе бидат ставени во карантин во следните неколку часа.
Според локалните медиуми, ситуацијата во овие градови се повеќе потсетува на почетокот на пандемијата, пред една година, а болничките кревети брзо се полнат со заразени.
Директорот на болницата „Санта Орсола“ во Болоња, Андреа Занони, тврди дека сегашните пациенти на одделите за интензивна нега се помлади, луѓе на возраст меѓу 40 и 60 години, за разлика од првиот бран на заразата кога лицата над 80 години биле најмногу загрозени.
Весникот „Ил Фато Котидиано“ ги пренесува резултатите од студијата на Универзитетот во Лондон, според која британската мутација на вирусот се шири за 40 до дури 90 проценти побрзо од оригиналниот вирус.
Шефицата на одделот за интензивна нега во болоњската болница Даниела Ди Лука тврди дека текот на болеста кај оние кои се заразени со англиската мутација е побрз и оти „состојбата се влошува за неколку дена“.
Лекарката апелира до граѓаните да бидат поодговорни, да се придржуваат кон мерките.
– Нашите сили се пред крај. Бараме колективот да ни помогне, истакна Ди Лука.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица