Италија од денеска ги отвора границите, засилените мерки остануваат
Италија денеска ги отвора регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата на коронавирусот, со што овозможува поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители на земјата, а од денеска се дозволени и пристигнувања од Шенген-зоната без карантин.
Регионалните граници се отворени уште од полноќ, и покрај спротивставените ставови на италијанските власти за отворањето на границите на Ломбардија, регионот што беше најтешко погоден во Италија, на што се противеа лидерите на регионите од југот, каде имаше помал број случаи на коронавирус отколку на северот од земјата.
Покрај отворањето на регионалните граници, одредени области во Италија, сепак, ги засилуваат контролите и мерките за да се спречи ширењето на вирусот преку „ следење на туристите “ со дигитални апликации, мерење на температурата со термички скенери, неопходни хотелски резервации и пополнување на прашалници по пристигнувањето.
Ломбардија, Венето и Лигурија побараа целосно враќање во нормалноста, Тоскана побара уште една недела чекање, Кампања ја критикуваше одлуката за отворање на границите, а Сардинија најави „здравствени пасоши“ за пристигнување на туристите, што министерот за регионални работи, Франсоа Боа, го смета за неуставно.
Забраната за собири и обврската да се зачува безбедно растојание меѓу луѓето е се уште во сила во Италија со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, што земјата ја погоди сериозно, одземајќи повеќе од 33.000 животи, што земјата ја крена на третото место според бројот на жртвите од коронавирусот, по САД и Велика Британија.
Употребата на заштитна маска е задолжителна во затворен простор достапен за јавноста, вклучително и во јавниот превоз, а во регионите Ломбардија, Трентино, Фриули-Венеција, Пулија, Кампања, но и во градот Ѓенова маските се задолжителни и на отворено.
На железничките станици телесната температура на патниците ќе се мери со термички скенери, а доколку е над 37,5, нема да им биде дозволено да патуваат со воз.
Во Италија продолжуваат да работат 24-те аеродроми, пристигнувањето е дозволено од 26 држави и тоа без карантин, додека пристигнувањата од земјите надвор од Шенген-зоната ќе бидат дозволени од 15 јуни.
Италија е прва земја во Европа што воведе карантински мерки на целата територија на почетокот на март, а со првично олеснување на рестриктивните мерки почна од 4 мај, за потоа на 18 мај да следеа и нови чекори. По денешното отворање на границите, за 15 јуни е најавено и отворањето на кината и театрите, а училиштата и стадионите ќе останат затворени.
Повеќе од 233.000 лица во Италија се заразија со Ковид-19 од почетокот на кризата, а во моментов има околу 39.000 активни случаи.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово