Италија оценува дека е важна соработката со Анкара
Италија ја оценува за крајно важна соработката со Анкара по неколку прашања, вклучително и борбата против тероризмот, како и во рамките на НАТО, макар и во моментов прашањето за присоединување на Турција кон Европската унија да не е на дневен ред, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано.
- Прашањето, поврзано со членството на Турција во ЕУ во моментов не е на дневен ред, перспективата за воведување на смртна казна уште повеќе ја одалечува Турција од ЕУ, нагласи Алфано во интервјуто за весникот „Кориере дела сера“.
Тој истакна дека Турција, стационирана меѓу западот и истокот, има многу важна улога.
- Има предлог за изолирање на Анкара и Москва, но не вреди да се прави тоа, објасни Алфано.
ТАСС го пренесе соопштението на Министерството за надворешни работи на Полска, каде се наведува, дека надлежните се информирани за прелиминарните резултати од референдумот што се одржа во Турција.
Полското Министерство изрази надеж дека Турција ќе ги развива односите со ЕУ.
- Турција за нас останува стратешки партнер вов НАТО и во сферата на безбедноста целосно. Се надеваме на понатамошно зајакнување на добрите двострани односи и развивање на врските меѓу Анкара и ЕУ, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп