Италија: Казнети туристички агенти за препродажба на влезници за Колосеум
Италијанската управа за конкуренција, на една агенција за влезници за римскиот Колосеум и голем број туристички агенти, им изрече казни во вкупна вредност од 20 милиони евра за непрописно купување и препродажба на билети по надуени цени.
Органите ја обвинија агенцијата „Купкалчр“ (CoopCulture) што официјално ја водела продажба на билети во Колосеум од 1997. до 2024 година, наведувајќи дека не успеала да се избори против оваа практика. Натаму, шест туристички агенти со средишта во Италија, Германија, Холандија и Ирска се казнети поради користење на самоуправувачки системи за купување влезници и нивно препродавање на своите платформи, според наводите на ДПА.
Се користеле „ботови“, т.е. самоуправувачки системи за набавка на билети за амфитеатарот и поврзаниот археолошки парк, наменети за препродажба. На тој начин, нелегалното препродавање ги принудило посетителите да купуваат карти со дополнителни услуги, како и скокање долги редици и најмување туристички водичи, се наведува.
Колосеумот стар околу 2.000 години е една од најпосетуваните знаменитости во Италија. Изграден во 1. век, тој е најголемиот амфитеатар во светот. Годишно, милиони туристи го посетуваат за да го видат ова здание, каде што некогаш се бореле гладијаторите во Стариот Рим
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
ОЈО Кочани бара мерки на претпазливост и за синот на газдата на дискотеката кој досега беше на лекување
-
Поголемите маркети ги објавија цените на производите, останатите се соочуваат со казни
-
Инженери предупредуваат: Владата озаконува фактурирање на сметки за струја со неотчитани броила
-
ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија ги демантираше тврдењата на СДС дека уставните измени се последно барање
-
Граѓани прашуваат дали повторно ќе функционира “Aло докторе” – Здравство без најава за ново активирање
-
Денеска е Велики петок - Најстраданиот ден во Христијанството
-
Црквите во Охрид преполни со верници