Италија цврсто со САД, Франција и Велика Британија во одлуката против Сирија
Италијанскиот премиер Паоло Џентилони денеска во Парламентот рече дека Италија цврсто стои зад САД, Франција и Велика Британија во одлуката за напад на Сирија, насочен за оневозможување употреба на хемиско оружје.
- Италија не е неутрална држава, која секојпат избира на која страна ќе застане меѓу Атлантската алијанса и Русија. Таа е доследна сојузничка на САД, а не на оваа или онаа американска администрација, рече Џентилони пред пратениците во Рим.
Премиерот напомена дека Италија дала логистичка поддршка на операцијата против Сирија од заедничката воздушна база Авијано, под услов „ниту еден напад на Сирија да не почне од италијанската територија“.
-Така и беше, заклучи Џентилони.
Улогата на Италија во каква било виена акција беше посебно чувствително политичко прашање со оглед на проблемите при формирањето нова влада по изборите, кои се одржаа минатиот месец. Лидерот, пак, на коалицијата од десниот центар Матео Салвини беше против нападите.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја