Италија бара суспензија на Шпанија од Шенген поради масовниот прилив мигранти

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се залага за суспензија на Шпанија од шенгенскиот простор, по вчерашниот инцидент кога стотици мигранти илегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка.
„Поддржувам затворање на шенгенскиот простор кон Шпанија“, напиша Тајани на платформата „Икс“ осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана миграција“.
Мигранти вчера ја преплавија шпанската граница во северноафриканска енклава Сеута, совладувајќи ги крајбрежните полициските сили, откако допливале од мароканската страна.
Како што соопшти Шпанската цивилна гарда, во инцидентот загинале девет мигранти, а шпанските вооружени сили испратија дополнителни 60 војници како засилување на полицијата.
Државната телевизија „Те-Ве-Е“ објави дека границата ја преминале меѓу две и три илјади млади луѓе, додека шпанската новинска агенција „ЕФЕ“ јави за стотици мигранти како се качуваат преку заштитната ограда, која во тој момент не била под полициски надзор, и влегуваат во Сеута.
Во непосредна близина на автономните градови Сеута и Мелилја се наоѓа единствената копнена граница на Европската Унија со Африка. И двата града повремено се соочуваат со бранови мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
-

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите
-

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството ја ставаат правдата во втор план
