Македонија
1. August 2022 - 12:22

Истрели од огнено оружје и непријавени огномети и годинава на свадбите во Струшко

Пукањето и непријавените огномети вообичаена појава за време на свадби и веселби во Струга. Во екот на летото кога голем број иселеници се враќаат во својот роден град масовно организираат прослави неовластено користејќи оружје и нарушувајќи го јавниот ред и мир. Од полицијата апелираат до граѓаните да се воздржат од вакви активности на терен се преземаат интензивни мерки за контрола и превенција.

Свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полиција. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи за прекршителите на законот следат казни.

Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело предизвикување општа опасност, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години.