Истражување: Шест од 10 Грци поддржуваат сложено, непреведено ерга омнес име
Речиси шест од 10 Грци се согласуваат со решение со сложено име за севкупна употреба, на македонски јазик без превод, пропратено со промена на Уставот и прашањата поврзани со иредентизмот, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Palmos Analysis, за информативниот портал Tvxs.gr. Поконкретно, 49 отсто од анкетираните одговориле дека се согласуваат, осум дека веројатно се согласуваат, 24 проценти не се согласуваат, а два отсто веројатно не се согласуваат.
Важно поместување на јавното мислење во врска со македонското прашање се забележува во истражувањето на Palmos Analysis за Tvxs.gr, бидејќи големо мнозинство граѓани поддржуваат заемно прифатливо решение за името, што ќе важи за сите (erga omnes). Шест од 10 велат дека треба да се прифати име што го вклучува терминот „Македонија", пишува Пасхалис Александрос Темекенидис, директорот за истражување во агенцијата, коментирајќи ги резултатите од анкетата.
- Во прашањето за името на поранешната југословенска Република Македонија, кое од следните сметате дека најдобро им служи на нашите национални интереси? е прашањето на кое 7 од 10 анкетирани (71%) сметаат дека е потребно да се најде заемно прифатливо решение ерга омнес, а само 14 проценти одговориле дека треба да продолжи актуелната ситуација со двојна формула за името.
Позицијата, да се најде ерга омнес име, прифатено и од двете земји, ја поддржуваат и гласачите на СИРИЗА (80%) и на Нова демократија (68%) според она за кого гласале на последните избори во 2015, покажува истражувањето, јави дописничката на МИА од Атина.
На прашањето, доколку се постигне компромисно решение со сложено име со вклучен терминот „Македонија“, што треба да направи опозицијата, 41% од анкетираните велат „да го отфрли решението“, 34% одговориле дека сѐ ќе зависи од компромисното решение што ќе се постигне, додека пак 21% бараат да го прифати, „бидејќи прашањето треба да се затвори“.
- Меѓу гласачите на Нова демократија, отфрлувањето го одбираат половина од нејзините гласачи (47%), додека пак другата половина ја повикуваат партијата или да го прифати (18%) или да го разгледа компромисното решение пред да одлучи (31%). Со комбинирање на горенаведените резултати, може да се претпостави дека гласачите на Нова демократија од една страна покажуваат дека одбираат компромис, под услови, во прашањето со името на ПЈРМ, но веројатно ја следат позицијата што беше формулирана дека е несоодветен временскиот период за постигнување некој договор, пишува директорот за истражување во агенцијата.
Анкетата била спроведена од 12 до 15 април, а телефонски биле интервјуирани 1009 лица.
Истражувањето е направено за информативниот портал Tvxs (ТВ без граници) што е во сопственост на новинарот и европратеник од редовите на СИРИЗА, Стелиос Кулоглу.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана