Истражување на Пју: Американците ја гледаат Кина како најголема закана за САД

Речиси 50 отсто од Американците сметаат дека Кина е земјата која претставува најголема закана за САД, покажа истражувањето на Истражувачкиот центар Пју.
Истовреме, само 17 отсто од американските граѓани ја навеле Русија како најголема закана, додека четири отсто од нив сметаат дека ниту една земја не претставува сериозна закана за САД.
Речиси два отсто од испитаниците изјавиле дека најголема закана е Северна Кореја, а исто толку испитаници кажале дека САД сами по себе се најголемата закана.
Последен пат Пју спроведе вакво истражување во 2019 година, кога исто толку Американци ги карактеризираа Кина и Русија како најголеми закани.
Во заклучоците од истражувањето во 2014 година, Русија беше на врвот на листата, додека во 2007 година беше Иран.
Кога станува збор за најважниот сојузник на Вашингтон, најголемиот број Американци, 22 отсто од нив, ја именуваат Велика Британија. На второ место е Канада (шест проценти), а на трето е Израел (четири проценти).
Речиси еден процент од американските граѓани ја наведоа Русија како нивен најважен сојузник.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
