Свет
22. February 2017 - 16:52

Истражување: Четири членки на НАТО повеќе сакаат да ги штити Русија отколку САД

Дури четири членки на НАТО попрвo ќе ја изберат Русија отколkу САД да ги штити, покажаа резултатите од истражувањето на „WIN/Галуп“.

Меѓу државите, што повеќе сакаат да ги штити Русија отколку САД се Словенија, Бугарија, Грција и Турција, иако повеќето држави би ги избрале САД. 

Ова истражување е спроведено на 1.000 луѓе во 66 држави во периодот од октомври до декември 2016 година.