Истражување: Честото пиење алкохол носи поголеми опасности од мозочните удари

Постраствените љубители на алкохол, во просек на возраст од 64 години доживуваат мозочен удар, во споредба со просекот од 75 години кај луѓето кои пијат помалку алкохол. Ново истражување, објавено во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), покажува дека честото пиење алкохол може да предизвика мозочен удар, во просек - едно десетлетие порано.
-Нашите наоди посочуваат дека (пречестото пиење) не само што ја зголемува сериозноста од мозочен удар со крварење, туку може да го забрза и долгорочното оштетување на малите крвни садови во мозокот, изјави д-р Едип Гурол, невролог за мозочни удари на Универзитетот Харвард во Кембриџ, САД, и еден од авторите на научниот труд.
Испитувањата опфатиле 1.600 возрасни лица со просечна возраст од 75 години, кои биле хоспитализирани поради интрацеребрално крварење. Кај луѓето кои пијат три или повеќе алкохолни пијалаци на ден (тн. „тешки љубители на алкохол“), има поголема веројатност да доживеат интрацеребрално крварење - смртоносен вид мозочен удар предизвикан од крварење во мозокот.
Покрај тоа, кај овие лица е забележана и поголема опасност од болест или оштетување на малите крвни садови во мозокот, што го зголемува ризикот од деменција.
Така, „тешките љубители на алкохол“ имале просечна возраст од 64 години кога доживеале мозочен удар. Нивните мозочни крварења биле, исто така, за 70 отсто почести во просек.
Медицинските тестови покажаа дека „тешките љубители на алкохол“ имале и помал број на тромбоцити во крвта и повисок крвен притисок кога биле хоспитализирани, што може да влијае и на сериозноста на мозочниот удар и на закрепнувањето. Наодите можеби укажуваат дека ограничувањето на внос на алкохол може да помогне во промовирањето на здраво стареење и здравје на мозокот.
-Намалувањето на прекумерната употреба на алкохол не само што може да ја намали опасноста од крварење кај еден човек, туку може да ја забави и прогресијата на болеста на малите крвни садови во мозокот, што пак, може да ги намали можностите за последователен мозочен удар, когнитивен пад и долгорочна повреда. Поттикнувањето промени во животниот стил, како што е откажувањето од алкохол, треба да биде дел од напорите за превенција од мозочен удар, особено за лицата со поголем ризик за удар, додаде Гурол.
Трудот има и некои ограничувања и слабости, особено затоа што ги проучува навиките на пациентите во кратко време, наместо да ги следи луѓето во подолг дел од нивниот живот. Истражувачите, исто така, не знаат со сигурност дали некои од испитаниците можеби погрешно ги пријавиле своите навики на пиење.
МИА
Ново на Сител
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
