Истражувања на доцноримското термално лекувалиште во струмичко Банско
Почнаа систематски археолошки истражувања на доцноримското термално лекувалиште во струмичкото село Банско, со цел да се обезбедат прецизни сознанија за неговата првобитна намена. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и е дел од Програмата за заштита на културното наследство.
Стручни екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Струмица претходно извршија расчистување на теренот како подготовка за археолошките истражување на лекувалиштето кое датира од 3-ти и 4 век.
- Во тек се истражувањата на југоисточниот дел од малата бања, каде што со последната истражувачка кампања е откриен дел од ѕид за кој се претпоставува дека е дел од нова просторија која била во функција на бањата. Со овие истражувања на новата просторија, археолозите очекуваат да се потврди дека малата бања ги поместува досегашните граници на првичното датирање на лекувалиштето, односно дека тоа започнало да егзистира многу порано, кон крајот на првиот односно на почетокот на вториот век, информира Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното