Истрагата за Онишченко ќе ја продолжи новото раководство на АНБ, вели Ковачевски
– Истрагата за Онишченко сега ќе треба да ја доврши новото раководство на Агенцијата за национална безбедност, да реферира пред Собранието и пред Владата на затворена седница и потоа да можат да се преземаат соодветни чекори согласно со наводите од таа истрага, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали новопоставениот директор од Агенција за национална безбедност направил нова истрага во однос на случајот Онишченко, тој одговори дека истата ќе треба да ја доврши токму новото раководство.
– Собраниската комисија за надзор на безбедносните служби започна неславно со својата работа во однос на овој случај бидејќи затворена седница беше пренесувана во живо, за тоа имаше истрага од страна на МВР чии што резултати беа доставени од Собранието, бидејќи од таму беа побарани и после тоа, нормално, ќе продолжи расправата на таа седница во координација помеѓу претседателот на комисијата, претседателот на Собранието веројатно и директорот на Aгенцијата за национална безбедност, рече премиерот.
Ковачевски дополни дека таа истрага сега ќе треба да ја доврши новото раководство на Агенцијата за национална безбедност и да реферира пред Собранието и пред Владата на затворена седница и потоа, како што рече, „да можат да се преземаат соодветни чекори согласно со наводите од таа истрага“.
Ново на Сител
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел