Истрага за дилер на марихуана од тетовско Слатино
Основното јавно обвинителство Тетово донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-На 6 февруари, во семејниот дом во тетовското село Слатино, осомничениот држел 74,37 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во повеќе помали пакувања, скриени на различни локации во неговата соба, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
За 31-годишниот осомничен, за кого постои опасност да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител предложил да биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана