Истрага против битолчанец осомничен за фалисфикување на пари
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истрага против битолчанец осомничен за фалсификување пари.
Како што информираат од ЈО, осомничениот, на 7 октомври, од засега непознато лице во близина на Бит Пазар прибавил лажни пари со намера да ги пушти во оптек.
– Прибавените 18 банкноти во апоени од по 500 евра, во денарска противвредност од вкупно 558.000 денари, се обидел да ги размени во менувачница на улицата „Белградска“ во Скопје. Сопственикот на менувачницата забележал дека банкнотата која му била дадена да ја размени не е вистинска и веднаш пријавил, а полициските службеници кај пријавениот ги пронашле и другите лажни банкноти, стои во соопштението од ЈО.
Се дополнува дека јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да влијае врз сведоците или да го повтори делото.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
