Истрага на грчкото Обвинителство за случаите со Ковид-19 во две приватни клиники во Атина
Грчкото Обвинителство ќе започне истрага за утврдување дали е сторено кривично дело за прекршување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во двете приватни клиники во Атина во кои се појави Ковид-19 кај пациентите и персоналот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Во едната клиника со 300 пациенти и 170 вработени, вчера почина едно лице позитивно на коронавирусот, првите 92 анализи се негативни, додека пак другата клиника е во карантин,бидејќи заклучно со вчера беа потврдени 28 заразени.
И во двете клиники во тек е процедурата на анализирање на примероците и се чекаат резултатите од останатите тестови.
Доколку истрагата покаже дека одговорните во двете клиники ги прекршиле превентивните мерки, врз основа на Кривичниот законик, според АНА-МПА, можат да бидат казнети со: затворска и парична казна во случај на опасност од ширење на вирусот на неодреден број луѓе; затворска казна до десет години ако прекршувањето резултирало со пренесување на вирусот; затворска казна до десет години ако е регистрирана смрт и доживотна затворска казна во случај на смрт на поголем број луѓе.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вчерашната редовна прес конференција во Министерството за здравство истакна дека за двата случаи надлежните ќе бидат и под кривична и под дисциплинска истрага за евентуална одговорност за небрежност.
Професорот Сотирис Циодрас, пак рече дека потребна е внимателност и претпазливост од сите, особено од здравствените работници, бидејќи „невнимателното однесување на малкумина е неправедно за оние кои внимаваат“.
Ново на Сител
-
Во Солун разбиена криминална радикално десничарска организација
-
Променливо облачно со сончеви периоди, најмногу дожд на Попова Шапка
-
Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ
-
ПСЖ со двојна победа над Арсенал обезбеди финале во Лигата на шампиони
-
Зеленски: Украинскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште важи, нема реакција од Москва
-
Почнува Саемот на книга
-
Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија
-
Измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците на седница на Комисијата за политички систем