Живот
12. November 2018 - 22:24

Историско ракување во Грац: Потомците на Фердинанд и Принцип си пружија раце за помирување

Додека светските лидери се собираа во Париз на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна, две лица се најдоа во Грац.

Тие се состанаа за да го одбележат атентатот кој беше повод за нејзиниот почеток.

Анита Хохенберг, правнука на австрискиот надвојвода Франц Фердинанд и Бранислав Принцип, потомок на Гаврило Принцип, си пружија раце во склоп на настанот наречен „Ракување за мир“.

„Беше тоа нивна прва средба. И беше емотивна“, рече организаторот, австрискиот уметник Игор Петковиќ.

Тој во Грац организираше низа културни случувања по повод 100 годипнината од завршувањето на војната и го повика најблиските роднини на двете семејства кои беа директно вмешани во почетокот на војната.

Гаврило Принцип го уби австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинад и неговата сопруга Софија во Сараево на 28 јуни 1914 година.

Месец дена подоцна Австроунгари и објави војна на Србија со што започна Првата светска војна и на крајот заврши со распаѓање на Хабсбуршкото царство.

Сто години подоцна, Анита Хохенберг управува со семејниот дворец Арстетен, каде се погребани Франц Фердинанд и Софија, а Бранислав Принцип во Србија се занимава со филм.