Историски рекорд на цената на гасот во Европа

Цените на фјучерсите на гасот во Европа скокнаа за повеќе од двојно во понеделникот во претпладневното тргување, надминувајќи го нивото 3.600 долари за илјада кубни метри, според податоците од лондонската берза ICE.

Цената на гасот на берзата во Европа четврти ден со ред го обновуваат историскиот рекорд и денеска расте за повеќе од 67 отсто од почетокот на денешното тргување.
Цената на априлските фјучерси цената во референтниот европски хаб TTF во Холандија се искачи на 3.639,1 долари за илјада кубни метри или 322 евра за мегават час, врс основа на тековниот курс на еврото во однос на доларот, а цените на ICE се прикажани во евра за мегаватчас.
Пазарите го започнаа понеделничкото тргување со ценаа 2.366.8 долари за илјада кубни метри, но котирањата веднаш скокнаа. За еден час скокнаа речиси за илјада долари. Во петокот пазарите го затворија тргувањето беше 2.170,2 долари.
Европскиот пазар на гас веќе неколку месеци е потресуван со остри скокови. Ланската пролет цените флуктуираа на ниво до 250 до 300 долари за илјада кубни метри, до крајот на ланскиот август се искачија на 600, во октомври веќе надмина илајда долари а во декември две илјади долари. Следеше период на пад на цените, но останаа постојано на високи нивоа.
Експертите го припишуваат ова на ниското ниво на искористеност на европските подземни складишта, ограниченото снабдување од главните добавувачи и големата побарувачка за течен природен гас во .
На почетокот на февруари, фјучерсите флуктуираа во меѓу 800 и 1.030 долари, но потоа нагло пораснаа откако рускиот претседател Владимир Путин на 21-ви февруари потпиша указ за признавање на суверенитетот на Народните републики Доњецк и Луганск, а на 24-ти февруари Русија започна офанзива во соседната Украина.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
