-->
-->
Историски настап на Герет Бери
-->

Герет Бери испиша нова страница во историјата на Премиер лигата откако на натпреварот со Арсенал го собори рекородот на Рајан Гигс според бројот на настапи во најсилното англиско првенство.
Бари, сега играч на Вест Бромвич Албион, против Арсенал го одигра 633. натпревар во Премиер лигата, со што стана апсолутен рекордер.
36-годишниот Бери ја игра својата јубилејна 20. сезона во Премиер лигата, а до рекордната бројка настапи стигна како играч на Астон Вила, Манчестер Сити, Евертон и Вест Бромвич Албион.
Во Премер лигата дебитирал во 1998 година во дресот на Астон Вила. Тој е првиот фудбалер во историјата кој најмалку 600 натпревари започнал во стартната постава.
Исто така е фудбалер со најмногу жолти картони во историјата (119), а само уште една легенда има троцифрен број јавни опомени, Вејн Руни (100).
Бери има одиграно и 53 натпревари за репрезентацијата на Англија, а ќе остане запаметен како фудбалерот кој го постигнал 2.000 гола за националниот тим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
