Историски избори во Саудиска Арабија: Дваесет жени избрани во локалната власт
Дваесет жени беа избрани во локалните органи на власта во Саудиска Арабија, откако на изборите во саботата жените за првпат во историјата на кралството добија право да гласаат и да се кандидираат, покажуваат резултатите од гласањето.
Околу 7.000 кандидати, од кои 979 жени, учествуваа во трката за места во општинските совети, кои се единствените органи на власта избрани од саудиските граѓани. На претходните два избора за општински совети во 2005 и 2011 година право на глас имаа само мажите.
Дваесетте избрани кандидатки претставуваат едвај еден процент од 2100-те места, кои се определени за освојување, но сепак тоа се смета за огромен напредок за жените, кои претходно биле целосно исклучени од изборите.
Иако нема квоти за општински советнички, уште 1050 места се определени со одобрение на кралот со цел да се обезбеди поголеми присуство на жените во локалната власт.
Ново на Сител
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање
-
Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето во Бризбејн
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска