Историски избори во Саудиска Арабија: Дваесет жени избрани во локалната власт
Дваесет жени беа избрани во локалните органи на власта во Саудиска Арабија, откако на изборите во саботата жените за првпат во историјата на кралството добија право да гласаат и да се кандидираат, покажуваат резултатите од гласањето.
Околу 7.000 кандидати, од кои 979 жени, учествуваа во трката за места во општинските совети, кои се единствените органи на власта избрани од саудиските граѓани. На претходните два избора за општински совети во 2005 и 2011 година право на глас имаа само мажите.
Дваесетте избрани кандидатки претставуваат едвај еден процент од 2100-те места, кои се определени за освојување, но сепак тоа се смета за огромен напредок за жените, кои претходно биле целосно исклучени од изборите.
Иако нема квоти за општински советнички, уште 1050 места се определени со одобрение на кралот со цел да се обезбеди поголеми присуство на жените во локалната власт.
Ново на Сител
-
ФФМ избра нов претседател
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси
-
Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
-
Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат
-
Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица
-
Во израелските напади загинаа 17 Палестинци во Газа, соопштија локалните медицински лица