Истекува рокот за избор на „Најдобар млад научник“ за 2016 година
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија потсетува дека на крајот на месецов истекува рокот за аплицирање на Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2016 година, признание што го доделува претседателот Ѓорге Иванов.
- Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2016 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато значајни научни резултати. Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиено награда и/или признание за научно-истражувачка работа, резултатите од научно-истражувачката работа да се објавени и применетост на резултатите од научното истражување за тековната 2016 година, потенцираат од Кабинетот на Иванов.
Доделувањето на признанието „Најдобар млад научник“, по иницијатива на претседателот Иванов, прецизираат, има за цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.
- Ова е седма година по ред како се доделува признанието Најдобар млад научник, на иницијатива на претседателот Иванов. Целта на доделувањето на ова признание е да се стимулираат младите да се бават со наука. Ова признание е посветено на сите млади што ја сакаат науката, се занимаваат со истражување и имаат постигнато одредени резултати во својата работа. На него може да аплицираат млади научници до 30-годишна возраст, кои се занимаваат со научно-истражувачка работа во земјава или во странство, вели проф. д-р Атанас Кочов, од Машинскиот факултет – Скопје, претседател на комисијата за избор на „Најдобар млад научник“.
Признанието „Најдобар млад научник“ беше прв пат доделено од страна на претседателот Иванов во 2010 година, на м-р Никола Златанов.
Во 2011 година признанието му беше доделено на д-р Трифче Сандев, кој своето високо образование го има стекнато на Институтот за физика, на Природно-математичкиот Факултет – Скопје, каде и ја одбрани неговата докторска теза.
Во 2012 година признанието „Најдобар млад научник“ беше доделено на д-р Катерина Бачева, која своето високо образование го има стекнато на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.
Во 2013 година признанието го доби м-р Петар Стојанов, биоинформатичар кој во Броуд Инститјут, Бостон, САД се занимава со биоинформатичка анализа на генетските промени кај малигните заболувања.
Носител на признанито „Најдобар млад научник“ за 2014 година е м-р Даниел Денковски, кој работи на полето на електротехника и информациски технологии.
Во 2015 година признанието „Најдобар млад научник“ го доби д-р Михаела Ангелова, која работи во полето на биоинформатиката.
- Секоја година просечно до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија пристигнуваат околу 25 пријави. Имало случаи кога пристигнувале и до 30 пријави. Ова покажува дека Македонија има млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со наука и имаат постигнати одредени резултати, вели проф. Кочов.
Апликацијата за учество на јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2016 година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија. Заинтересираните своите документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2016 година.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија