Истече рокот за поднесување кандидатски листи за Локалните избори 2017
Рокот за поднесување на кандидатските листи за Локалните избори 2017 заврши синоќа на полноќ. До општинските изборни комисии (ОИК) групи избирачи и политичките партии ги доставија кандидатските листи. Најголем дел од кандидатите за кои граѓаните ќе се изјаснуваат, партиите веќе ги објавија во јавност.
ОИК во рок од 48 часа од приемот на листата на кандидати утврдува дали таа е поднесена во соодветниот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Поднесувачите на листите на кандидати имаат рок од 48 часа да ги отстранат неправилностите, а ОИК ги потврдува со решение. Листите што ќе бидат поднесени по истекот на рокот и доколку од нив не се отстранат констатираните неправилности ќе бидат отфрлени.
Потврдените листи на кандидати ОИК треба да ги достави до Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 16 септември заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати. Според Роковникот за изборни дејствија, жрепката треба да се одржи на 18 септември.
Најдоцна до 21 септември ОИК ги објавува листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник, а во оние општини во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, се објавуваат покрај на македонскиот и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.
Шестите локални избори се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија