-->
-->
Истанбулското Обвинителство нареди конфискација на имот на 187 бизнисмени
-->
Истанбулското Обвинителство денеска нареди конфискација на имотот на 187 бизнисмени осомничени за поврзаност со исламскиот проповедник Фетхилах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за обидот за воен удар на 15 јули.
При операција на финансиската полиција во Истанбул и уште 17 други градови денеска беа приведени 50 осомничени лица, вклучително и директори на големи фирми.
Обвинителството издаде 187 налози за апсење во рамките на операцијата, насочена и кон претседателот на Конфедерацијата на турски бизнисмени и индустријалци Разанур Мерал и други познати бизнисмени. Тие се обвинети дека ја финансирале организацијата на Ѓулен.
Тоа е втора слични операција од почетокот на неделата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани