Ист Гејт Мол со најголемата Zara и првите продавници на Zara Home и Oysho
Светскиот Моден Магнат од Шпанија, Групацијата ИНДИТЕКС ќе закупи деловен простор за сите свои брендови, со што популарната седморка: Zara, Zara Home, Оysho, Мassimo Dutti, Berschka, Pull and Bear и Stradivarius, ќе се најде на само едно место во Ист Гејт Мол.
Групацијата Индитекс пСостигна договор со Ист Гејт Мол за историски најголемиот закуп на малопродажен деловен простор во Македонија. Договорот предвидува закуп на малопродажна површина од 8.600 м2 за сите седум брендови. За прв пат на пазарот Групацијата Индитекс во Ист Гејт Мол ќе се појави со брендовите Zara Home и Oysho, а брендот Zara ќе се простира на повеќе од 4.600м2 со што станува најголемата Zara во целиот регион.
Со оваа трансакција Ист Гејт Мол стратешки се позициoнира како една од клучните малопродажни дестинации во регионот, обезбедувајќи притоа предуслови за стабилни инвестициски параметри на ниво кое вообичаено се бара од инвеститорите кои вложуваат во ваков тип на недвижнини.
Со Zara Home, Ист Гејт Мол станува идна водечка дестинација за додатоци во домот при што купувачите ќе добијат можност да ги следат најновите трендови во ентериерниот декор и да имаат пристап до најновите колекции во ист момент кога ќе се појават на пазарот.
Oysho e специјализирана модна марка за удобна примарна гардероба за дома, за спортски активности како и квалитетна долна облека. Нивните колекции се создадени за жените и ја следат линијата на мода и елеганција со удобност и квалитет.
Продавниците ќе бидат изградени според најновиот дизајн, автентичен на современиот имиџ на Zara Home и Oysho ширум светот.
Форматот на продавниците на Групацијата ИНДИТЕКС во Ист Гејт Мол, налага сите брендови да се презентираат со целото свое продуктно портфолио, обезбедувајќи со тоа широка палета на производи и диверзифитет во понудата пред македонските потрошувачи.
Ново на Сител
-
Кулминација на конфликтите меѓу САД и Кина: студенти, компании, минерали, чипови
-
Лавров и Рубио разговараа за Украина во пресрет на денешната рунда мировни преговори во Истанбул
-
Русија ноќеска соборила 162 украински дронови
-
Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели, ФБИ смета дека е терористички чин | ВИДЕО
-
Аналена Бербок денеска се избира за претседателка на Генералното собрание на ОН
-
Алкараз победи на 100 натпревари во 119 натпревари на земја - само Надал го направи тоа побрзо
-
Приведени дрвокрадци од скопско | ФОТО
-
Влада: Оперативниот план за вработување за 2025 година зголемен за 7,5 милиони евра