Испуст на вода од Охридското езеро во Црн Дрим по најавата за нови врнежи
Во тек е максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон река Црн Дрим, информираа од Центарот за управување со кризи на Република Македонија.
Испустот на вода следи откако вчера на седница Регионалниот штаб за управување со кризи-Охрид, во врска со најавениот засилен ветар и врнежи во охридската котлина, донесе заклучоци за преземање на соодветни мерки за превенција.
За состојбата известени се угостителските објекти кои се лоцирани близу крајбрежјето на Охрид и Струга.
Ќе се врши засилена контрола на патниот правец Струга-Дебар во село Луково поради зголемениот истек на вода од испустот на браната Глобочица. Состојбата внимателно се следи од страна на сите субјекти на ЦУК, кои ќе преземаат соодветни мерки за санирање на евентуални настанати ризици и опасности.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија