-->
-->
ОН испрати набљудувачи во осум колумбиски градови
-->
Мисијата на ОН, која е одговорна за мониторинг на прекинот на огнот помеѓу Владата на Колумбија и левичарската партизанска група ФАРК, распореди свои набљудувачи во осум градови во земјата, пренесе ТАСС.
„Веќе има набљудувачи во осум колумбиски градови: Букараманга, Флоренсија, Меделин, Попајан, Кибдо, Сан Хосе дел Гуавере, Веледупар и Вилјависенсио", се наведува во извештај на мисијата.
Кога ќе стапи во сила примирјето, коешто ќе биде потпишано на 26 септември во градот Картахена, во Колумбија веќе ќе има 200 мировници на ОН.
Се планира да бидат испратени вкупно 450 невооружени набљудувачи на ОН и цивили во повеќе од 40 населени места во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јапонската туристка што падна кај Канео во стабилна состојба
-
Пожарот во Визбегово локализиран, ЦУК бара решавање на проблемот со дивата депонија
-
Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, се чека од 30 до 45 минути
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило