-->
-->
Исповед: Нема да престанам да го изневерувам сопругот - Тоа е моја терапија!
-->

Прочитајте исповед на една жена која ја споделила својата приказна на веб страната на „Role Reboo“.
- Сериска измамничка. Тоа сум јас. И сигурна сум дека многумина ќе ме критикуваат додека ја читаат мојата исповед. Можеби и треба...
Никогаш не сум имала совршен брак. Сепак мојот сопруг мисли дека последните осум години бев верна. Но, не бев. Го лажам, или поточно ја кријам вистината од него. Го измамив со петтмина во последните две години. И повеќе.
Барам љубовници често преку друштвените мрежи или во некој бар. Благословена сум или проклета со добар изглед. Згодна сум, шармантна, атрактивна и иамма смисла за хумор. Обожаватели никогаш не ми недостигале.
Свесна сум за своите предности и ги користам за да го добијам она што го сакам. Знам точно што треба да направам за да однесам некој маж во кревет. Не су мсексуален зависник. Не барам сродна душа. Од сопругот добивам се. Но, на ова гледам како вид терапија за да ги излечам траумите од детството. на крајот, сепак се чувствувам лошо. Исполнета со омраза и ниско самопочитување.

Долго се борев со биполарно растројство, а верувам дека за тоа причина беа траумата и генетиката. Знам дека мојот сопруг ме сака, но понекогаш само тоа не е доволно. На почетокот на нашиот брак многу гледаше порно филмови. Често патуваше, ме забораваше и не ме консултирапе во прашање на некои важни одлуки.
Сепак, не сум подготвена да го оставам. Најмногу поради децата. И затоа го одбрав овој пат. Го изневерувам. на тој начин добивам лажно чувство дека сум потребна некому. Барем во смисла на страста. Мразам кога е запоставува, но мојот татко правеше многу полоши работи.
Кога имав 12 години м ивелеше дека сум ѓубре, мала ку*ва која не вреди за ништо. Ме понижуваше секој ден. Да се прашувам како станав она што сум сега?
Скандалите ми го даваат она што бракот ми го одзема. А кога сето тоа ќе заврши, паѓам во депресија. Станувам очајна, врескам и страдам тивко... додека не најдам друг маж...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
