Исповед на жената пред чија куќа се случи масакрот: Син ми влезе и рече долу е колеж

Жената чија куќа се наоѓа на само 50 метри од кафулето „макијато“ каде Синиша Златиќ уби пет лица, а рани 20 луѓе, раскажува што се случило таа трагична ноќ.
Жената која се претстави како Мира вели дека убиените и повредените ги познава од нвното раѓање. Нејзиниот татко отишол во социјалната служба да го пријави Синиша, но никој не реагирал, вели Мира.
Таа вели дека Дијана последен пат ја видела како со сестра и шета покрај локалната црква.
-Се сакаа повеќе од сестри, беа како едно битие, вели Мира.
Таа раскажува дека со семјеството била дома и дека нејзиниот син седел покрај компјутерот. Се слушала гласна музика, а другиот син и бил излезен...
-Одеднаш се слушна гласно пукање, а во себе помислив кој е тој будала да пука, може да погоди некого. Следниот момент, музиката нагло престана, а синот кој беше со мене во куќата се испаничи и отрча да види што се случило.
Се врати за две минути и рече: Мамо долу е колеж!.
-Му се јавив на другиот син да видам дали е таму, но бил на друго место. Стигна брз апомош и полиција, а сите гледавме да им помогнеме на повредените. Знаете, јас овие деца што се убиени ги знам од раѓање, раскажува низ солзи Мира.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“


