-->
-->
Исповед на Весна Драгојевиќ: Оливер беше оптимист до самиот крај
-->
Весна Драгојевиќ, сопругата на Оливер Драгојевиќ во емотивна исповед за 24sata.hr. признала дека и доаѓа да го повика саканиот сопруг на вечера, но и дека човек никогаш не може да биде спремен за простување со саканата личност.
„Не знам што да ви кажам. Ние сме добро. Заевме што можеме да очекуваме, но за тоа човек не може да биде спремен. Никој никогаш не кажал ништо, па потоа да почине. Не постои простување и збогување“, кажала Весна.
Во среда се завршува еден месец од смртта на Оливер Драгојевиќ, кој поради болест ги откажа сите концерти и се повлече од јавноста.
„Последните три четири денови не зборуваше ништо, само спиеше. Беше оптимист до крај. По цели денови бевме со него во болница. Му готвев јадења и му помагав да јаде. Му пуштавме песни кои сакаше да ги слуша. Се однесувавме како ништо да не се случува. Беше подобро, па полошо. Беше мирен. Тој знае дека ние сме добро“, истакнала Весна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?