Исповед на таткото кој за 24 часа ги загуби двете деца: Ниту на непријател не би му посакал да изгуби две ќерки во еден ден!
Марија Петровиќ (24) почина ден по смртта на постарата сестра Милица Петровиќ (27).
Семејството Петровиќ од населбата Ледена стена во Ниш за 24 часа ги изгуби двете ќерки во зенитот на својот живот и успех, кога во индексите редеа само десетки.
Професионалниот возач Стојан Н. (30) од Ниш на душа ќе ги носи двете сестри Милица (27) и Марија (24) Петровиќ, кои ги покоси додека чекаа автобус на постојка, како и велосипедистот Светислав Тониќ (80).
Марија Петровиќ почина во вторникот, околу 2 часот наутро, во нишкиот ургентен центар, а нејзината сестра милица почина ноќта меѓу неделата и понеделникот на истата клиника.
Стојан во неделата, околу 18 часот возејќи по Књажевачката улица со брзина од над 100 км/час, со својата „опел астра“ го усмрти велосипедистот Светислав Тониќ, а потоа излета на тротоар и на автобуската станица речиси ги смачка сестрите Петровиќ.
Слободан Петровиќ, татко на настраданите девојки, вели дека ваква трагедија не им посакува ниту на најлошите непријатели.
-Немам непријатели, но никогаш никому не би му посакал ваква трагедија. Ова ги уништи сите соништа на нашето семејство. Ова е загуба за државата, која ги стипендираше, фалеше и ги наградуваше нашите ќерки. Милица имаше мастер од психологија, додека Марија требаше наскоро да ја добие таа титула по хемија.
Оттргнати од мајчината прегратка, од државата која не сакаа да ја напуштат и покрај деловните понуди од Германија. Индексите со сите десетки, дипломите, благодарниците и наградите сведочат за зенитот на нивниот успех. Горди сме на нив, иако судбината ни ги грабна кога од нив можевме најмногу да очекуваме, болно рече таткото Слободан Петровиќ и додаде:
-Свесен сум дека засекогаш ги загубивме, но морам да им заблагодарам на луѓето од полицијата и Итната помош, кои се ангажираа брзо да ги префрлат во Ургентниот центар. За жал, Милица почина по неколку часа. Марија ја оперираа и бдееја над неа постојано, обидувајќи се со натчовечки напори да ја оттргнат од прегратката на смртта, за што на лекарите сум им бескрајно благодарен како родител. Судбината така ни ги грабна и засекогаш ги оттргна од родителскиот дом, раскажува неутешниот родител.
Марија беше фан на Партизан
Според кажувањето на таткото Слободан, помалата Марија била голем фан на ФК Партизан.
-Одеше на натпревари, им се восхитуваше и со задоволство ја следеше нивната игра, раскажува таткото.
Додека Слободан ги дочекуваше пријателите, роднините, другарите и другарките од факултето на своите ќерки, кои го тешеа, неговата сопруга Зора, постојано гледаше во екранот на компјутерот со фотографиите на Милица и Марија, листајќи ги нивните албуми.
-Секогаш секаде оде азаедно. Учеа заедно, излегуваа, патуваа и за жал, за последен пат и во смртта отидоа заедно. Моите девојчиња, мојата гордост, се обидуваа да побегнат кога на нив налета автомобилот на лудиот возач, кој си стигна и ги смачка. Ѓубре пијано, проклет да е! Ја изгубивме прво Милица, но и Марија брзо и се придружи, за, како што беше секогаш, да не се раздвојуваат, лелекаше и колнеше мајката Зора, милувајќи ги сликите на екранот и во албумот.
Тажната вест за несреќата во семејството Петровиќ ја јави полицијата. Во првиот момент не можеле да поверуваат, па потрчале кон Клиничкиот центар. Наредните 24 часа биле во агонија, молејќи го Бога за своите деца. За жал, сите надежи беа изгубени вчера по веста дека и Марија почина. Наместо свадбена веселба родителите подготвуваат погреби закажани за во петок на нишките гробишта.
Првата жртва на оваа несреќа Светислав Тониќ (80) е погребан. Според кажувањето на неговите најблиски, настрадал додека со велосипед се враќал од овоштарникот и лозјето каде ја закројувал виновата лоза и сливарникот.
На возачот Стојан Н. му е одредено задржување до 48 часа. Поради повредите здобиени во сударот, кои не се опасни по живот, тој е уште во Ургентниот центар со полициска придружба. Осомничениот инаку е професионален возач на камион и не смее да има ниту промил алкохол во крвата.
На Стојан по страотната несреќа во крвта му се најдени 1,9 промили алкохол. Се претпоставувал дека поради тоа возел пребрзо и предизвикал крвав масакр.
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство