Исповед на син на руски олигарх: “Мајка ми ме тераше на секс, па го истерав ѓаволот од неа”
„Ја удрив 20 пати во главата кога беше мртва“ изјави 19 годишниот Егор Сосин син на руски милијардер, обвинет дека брутално ја убил својата мајка Анастасија Новикова – Сосин.
Младиот Егор е обвинет дека ја убил својата мајка во една хотелска соба во Казан. Младиот Сосин изјавил дека сакал од неа „да го истера ѓаволот“, поради тоа што се обидела да има секс со него. 19 годишното момче според Дејли Мејл половина час со кабел од полнач за телефон ја давел Анастасија.

Исто така, рускиот тинејџер пред полицијата изјавил и дека неговата мајка му дала некои таблети од кои тој почнал да халуцинира.
-Седнав на неа и започнав да ја удирам со целата сила…Видов како крвта започна да и тече низ лицето од моите удари, наводно изјавил Егор пред полициските инспектори кои работат на овој случај.

Според изјава на еден нов сведок, Егор Сосин неколку минути по убиството истакнал дека неговата мајка сакала да има секс со него, како и дека тој го одбил , пред да го изврши бруталното убиство.

Руските медиуми пак истакнаа дека според неофицијалните информации Сосин јуниор веднаш по бруталното убиство бил однесен на лекарски преглед на кој било установено дека боледува од параноидна шизофренија. Сепак, засега нема официјална потврда за неговата здравствена состојба.
Доколку оваа дијагноза навистина биде потврдена, 19-годишниот Егор би можел да ја избегна затворската казна, бидејќи во тој случај не би бил одговорен за своите постапки, но би бил однесен во психијатриска установа на лекување.

Рускиот милијардер Игор Сосин, татко на обвинетиот Егор изјавил дека претходно дека бил во контакт со својата поранешна сопруга и дека таа редовно му се жалеле на однесувањето на 19 годишниот Егор.

Анастасија Новикова Сосин била убиена во декември минатата година, нејзиното мртво тело било пронајдено во хотел со пет ѕвездички во Казан.

Ново на Сител
-

Ивановски: Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 км на час за патнички и 120 км на час за товарен сообраќај
-

Митева: Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
-

Елмас прослави јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи
-

Во Албанија поплавени околу илјада домови, евакуирани стотина семејства
-

Владата додели над 33.000 ваучери , 11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди
-

Се обидувал да украде мопед, приведен крадец во Прилеп
-

Општина Ресен најави дезинфекција по поплавите во Царев Двор и Дрмени
-

Шампионот Јанта Волеј го претрпе третиот пораз во низа

