Живот
10. November 2015 - 15:47

Исповед на британски снајперист: И денеска ги гледам сите кои ги убив на Балканот и во Авганистан

Британскиот наредник Крег Харисон служел во Ирак, Авганистан и во балканските држави поради што и заболел од пост-трауматско стресно пореметување (PTSP).

Британскиот снајперист Крег Харисон, кој бил дел од војската цели 23 години, е отпуштен од службите, поради што сега се чувствува како буквално да е "фрлен на улица".
 
- За сите тие години, тие не ми кажаа и ниту едно благодарам, вели Харисон.
 
Наредникот Харисон служел во Ирак, Авганистан и во балканските држави што довело и до тоа за тој да развие пост-трауматско стресно пореметување (PTSP), пишува Independent.
 
Тој вели дека започнал да се соочува со својот здравствен проблем додека бил на служба во Босна и Херцеговина, но тогаш војската сè уште не била свесна за суштината на таквиот здравствен проблем.
 
- Во сите свои ноќни мори ги гледам луѓето кои што ги убивав. Можам да ги помирисам, можам да ја почувствувам секоја личност на која сум ѝ го одземал животот, тврди снајперистот.Неговиот живот бил во опасност и далеку од воената зона кога министерството за одбрана по грешка го открило неговото име, пофалувајќи го како нивниот службеник го држи светскиот рекорд во погодок од најголема оддалеченост која изнесува 2.475 метри, должина која е еднаква на должината на 25 фудбалски игралишта и која е двојно повеќе од ефективната должина која била наведена за неговиот снајпер.
 
После објавата на имињата, Харисон и неговото семејство станале потенцијална мета на терористите од Ал-Каеда, при што неговото семејство се криело цели три години.
 
Наредникот раскажува дека често пати бил нарекуван дури и "кукавица" од страна на повеќе луѓе на социјалните мрежи бидејќи луѓето имале сосема погрешна претстава за тоа што значи да се биде снајперист, сметајќи дека се работи за клинички чист и далечен начин на војување.
 
Наредникот Харисон ќе ги пренесе своите искуства и во неговата нова книга, "The Longest Kill".
 
Крег Харисон додава и дека не ги поддржува последните дејствија во Ирак.