-->
-->
Исповед: Му бев љубовница, а потоа неговата сопруга дојде да се породи во болница...
-->

Жените кои ќе се одлучат да бидат некому љубовница, најверојатно знаат дека на крајот ќе бидат оставени. Сепак, се случува и тој вид на болна врска да стане вистински краток роман...
- Со години бев во врска со едно момче и кога раскинавме, продолживме да се гледаме. Беше моја голема љубов, како и јас негова, но едноставно не можевме да продолжиме поради некои други причини.
Нашето гледање траеше и откако тој започна врска со неговата сегашна сопруга, а се се заврши кога таа остана бремена. Јас, инаку сум акушерка по професија, а таа случајно дојде да се породи баш кога јас бев на работа.
Имаше долго породување, десет часа, а јас бев цело време со неа и ја гледав како најдобра пријателка. Никогаш нема да го заборавам моментот кога го видов тоа мало суштество, и кога излегов во ходникот да му честитам на среќниот татко.
Тој плачеше, веројатно од среќа, а јас затоа што требаше да бидам на нејзино место - пренесува Фејсбук страницата „Šta mi se danas dogodilo“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
-

Опожарен стан во Куманово
