Македонија
21. November 2020 - 16:33

Исполнети капацитетите на болниците во Струга и Охрид

Струшката болница преполна со пациенти болни од Ковид-19.Се поголемиот број на новозаболени лица забрзано ги полнат болничките соби во двата ковид центри интерното и детското одделение, потешките случаи ги препраќаат во Скопје, а ситуацијата станува отежната вели директорот Асани. Иако има само уште пет слободни кревети доколку и понатаму бројките продолжат да растат сосотојбата ќе се влошува па спасот го гледаат во модуларната болница за која се подготвува теренот каде се предвидени 35 кревети.

Проблем има и со кислородот, 20 болни се на кислородна поддршка, но и со медицинскиот кадар бидејќи голем дел од постојниот кој работи во болницата за справување со пандемијата е заболен и во изолација.

Покрај струшката преполна со пациенти е и охридската болница од каде посочуваат дека состојбата е исклучително тешка и комплексна, а здравствениот систем сериозно оптоварен.

Инаку само за една недела кај 231 од Охрид и 183 лица од Струга е дијагностицирано присуство на Ковид-19. Додека од почетокот на епидемијата се евидентирани 1330 случаи во Охрид и 1218 во Струга.