Исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници

Министерството за образование и наука информира дека денеска е извршена исплата на средства за субвенциониран студентски оброк за месец април. Средствата се префрлени на трансакциските сметки на повеќе од 28 илјади студенти кои го имаат остварено ова право на некој од досегашните објавени повици за пријавување.
Од МОН потсетуваат дека во периодот од 20 до 30, односно 31 во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од кои било причини не аплицирале.
Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка, наведуваат од Министерството за образование и наука.
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
