Исплатени 62.201.000 денари за обележани грла кози
Платежната агенција денеска изврши исплата на 62.201.000 денари за обележани грла кози.
Како што соопшти Агенцијата, средствата се префрлени на сметките на близу 1 700 корисници.
За оваа мерка можеа да аплицираат земјоделски стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат најмалку 10 грла од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на кози.
Висината на директните плаќања изнесува 1 200 денари по грло, односно 1 300 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 грла за сите категории и возрасти.
-Продолжува обработката на барањата за финансиска поддршка предвидени за директните плаќања за кои ќе следуваат и други исплати за сите апликанти кои ги исполнуваат условите при аплицирање, вели директорот на Агенцијата, Никица Бачовски.
Ново на Сител
-
МВР со ВИДЕО од акцијата во која се запленети над 500.000 евра
-
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД
-
Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата
-
Мората: Галатасарај е единствената причина поради која дојдов во Турција
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“