Исплатени 27.069 милиони денари субвенции за зголемен сточен фонд
![]()
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на 7.101 субјекти им исплати 27.069 000 денари. Станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемиле основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки и пчелини семејства.
Оваа мерка, соопшти денеска Платежната агенција, се исплаќа првпат и беше владино ветување, со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд.
Зголемена субвенција ги следува сите фармери кои земале субвенција за : директни плаќања за грла говеда, за обележани грла на овци, за грла кози, за женски приплодни грла на маторици и директни плаќања за презимени пчелини семејства
Како што појаснува Агенцијата, сите фармери кои земале средства по овие мерки и за разлика од претходната година го зголемиле бројот на основното стадо, добиваат дополнителна субвенција од 30 проценти за секое грло за кое е зголемено стадото во споредба со претходната година.
– Преку оваа мерка се овозможува поттикнување на развојот на домашното сточарство, преку зголемување на основните стада. Со зголемување на добиточниот фонд во државата се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед. Со зголемувањето на домашните производи од животинско потекло, се обезбедува поефтина суровина која е важен инпут во индустријата за преработка на месо, млеко и мед. Со обезбедување на суровина од домашно призводство за индустријата се поставува фундамент за креирање на додадена вредност на домашните земјоделски производи со што се овозможува зголемување на Бруто домашниот производ кој има директно влијание и на растот на домашната економија, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
