Исландскиот композитор Олафур Арналдс oсвои награда на фестивалот „Скопје Синема Сити“
– Исландскиот композитор на современа музика Олафур Арналдс освои награда на фестивалот „Скопје Синема Сити“, што се одржа во дворот на Кинотеката. Тој се заблагодари на примената награда на своите профили на социјалните мрежи.
Инаку фестивалот му додели награда на овој популарен композитор за негови достигнувања во музиката и филмот, а и го отвори фестивалот со неговиот филм „Кога ќе се родиме.“ За потсетување, Фестивалот ги има наградено со истата награда Дејвид Боуви (2015), Леонард Коен (2016), Руичи Сакамото (2018), Филип Глас (2019), Влатко Стефановски (2019) ибендот New Order (2020).
На затворањето на Фестивалот на 22 септември беше прикажан филмот за британскиот рокер Марк Болан. Во рамки на Фестивалот беа прикажани 12 филмови од најразлични продукции.
Фестивалот се одржа во организација на Здружението Номад-Арт Скопје и годинава беше организиран во соработка со Кинотеката, Гете Институтот и Фондацијата „Милан Младеновиќ“. Визуелните решенија, вклучувајќи го и дизајнот на наградата се дело на Дијана Димитриевска.
Ново на Сител
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои