Исланд, Нов Зеланд и Португалија се најмирните држави во светот
Исланд 13. година по ред е најмирна држава во светот, се наведува во овогодинешниот извештај на Институтот за економија и мир.
Глобалниот индекс на мирот се објавува секоја година, а државите се оценуваат според 23 критериуми од три категории: општа безбедност, милитаризација и меѓународни спорови.
На второ и трето место се Нов Зеланд и Португалија, а потоа следат Австралија и Данска.
Северна Македонија се наоѓа во средно мирни држави и е на 62 место додека минатата година била на 64. место.
Од балканските земји на листата највисоко котира Словенија, која е на 11 место, Романија – 22, Хрвтска е на 26, Бугарија на 28, Србија на 51, Албанија на 55, Грција на 57, Кипар на 64, Црна Гора на 69, а Босна и Херцеговина на 79 место.
На последните три места од листата всушност на 161 е Ирак, на 162 е Сирија, а на 163 место е Авганистан.
Институтот за економија и мир, чие седиште е во Австралија, од 2008 година го објавува Глобалниот индекс на мирот.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o