„Исламска држава“ изврши самоубиствен бомбашки напад во Кабул
Најмалку 29 лица загинаа во четири напади во три провинции во Авганистан, соопштија локалните власти.
Во главниот град Кабул загина најмалку едно лице, а шестмина се повредени во самоубиствен бомбашки напад кој се случи утрово, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Наџиб Даниш. Бомбата експлодирала во дипломатскиот кварт на главниот град во близина на објект на авганистанското разузнавање, и недалеку од американската Амбасада и други авганистански и меѓународни институции.
Одговорноста за нападот ја презема терористичката група „Исламска држава“ со објава на Интернет.
Во исто време, талибанците извршиле напад на пункт на авганистанската армија во реонот на Бала Булук во југозападната провинција Фарах, во кој биле убиени 25 војници.
Во јужната провинција Хелманд, загинале три лица, а 14 биле повредени во два напади во градот Лашкар Гах и во реонот Над Али.
Вкупно 10 од сите 14 реони на провинцијата Хелманд се под контрола на талибанците. Таму се произведува речиси половина од опиумот во Авганистан.
Ново на Сител
-
Почна аплицирањето за влезници за финалето во Лигата на шампиони
-
Влезниците за ЗОИ 2026 поскапи од ОИ 2024 во Париз
-
РФМ: Ракометарките ќе добијат награда од 1.5 милиони денари за пласман на СП
-
Дојави за бомби во две средни училишта во Скопје
-
На Царина запленети автомобили, тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и брендирани женски обувки | ФОТО
-
Вашингтон Пост: Маск без успех апелирал до Трамп да се откаже од воведувањето нови царини
-
Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки и ќе се бори докрај со царините на Трамп
-
Вчера 841 сообраќаен прекршок на територија на цела држава, 214 за брзо возење