„Исламска држава“ изврши самоубиствен бомбашки напад во Кабул
Најмалку 29 лица загинаа во четири напади во три провинции во Авганистан, соопштија локалните власти.
Во главниот град Кабул загина најмалку едно лице, а шестмина се повредени во самоубиствен бомбашки напад кој се случи утрово, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Наџиб Даниш. Бомбата експлодирала во дипломатскиот кварт на главниот град во близина на објект на авганистанското разузнавање, и недалеку од американската Амбасада и други авганистански и меѓународни институции.
Одговорноста за нападот ја презема терористичката група „Исламска држава“ со објава на Интернет.
Во исто време, талибанците извршиле напад на пункт на авганистанската армија во реонот на Бала Булук во југозападната провинција Фарах, во кој биле убиени 25 војници.
Во јужната провинција Хелманд, загинале три лица, а 14 биле повредени во два напади во градот Лашкар Гах и во реонот Над Али.
Вкупно 10 од сите 14 реони на провинцијата Хелманд се под контрола на талибанците. Таму се произведува речиси половина од опиумот во Авганистан.
Ново на Сител
-
Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер
-
„Покемон“ новитети: „Поке-бол“
-
Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата
-
Истражување: Загадениот воздух предизвикувач на тешки облици на деменција
-
Албански археолози открија гроб на римски големец близу македонската граница
-
Мартинез: Роналдо дава сѐ од себе, но нема долгорочни цели
-
Евробаскет 2025: Грција противник на Турција во полуфиналето
-
Станиќ: Примивме гол од невнимание