Исламистичките келии во Брисел подготвувале радиоактивен напад
Исламистичките келии кои дејствуваат во Белгија, подготвувале заговор за да се изврши радиоактивен терористички напад, пишуваат лондонските медиуми, повикувајќи се на извори во белгиските тајни служби.
Според овие извори, се сомнева дека двајцата бомбаши самоубијци, браќата Брахим и Калид ел Бакрауи, подготвувале изградба на радиоактивна „валкана“ бомба која би се употребила во еден од следните напади.
Според сознанијата на медиумите во Лондон, 11 вработени во двете белгиски нуклеарни централи останале без своите службени картички за идентификација, додека еден од главните технолози на една од нуклеарните централи, пред крајот на минатата година, бил тајно надгледуван и сниман од џихадистите.
Информациите за намерата на белгиските џихадисти да направат „валкана“ бомба, доаѓа заедно со откритието во Брисел дека е убиен еден од чуварите на белгиска „нуклеарка“ и му е одземена картичката за идентификација.
Лондонски „Тајмс“ пишува дека 140 белгиски војници се распоредени како дополнително обезбедување на двете нуклеарни централи во земјата, но и за еден нуклеарен истражувачки центар, како и за компанијата за производство на изотопи за нуклеарни потреби.
Весникот пишува и за засилените безбедносни мерки за британските „нуклеарки“ како и за сите други распоредени низ ЕУ.
Британски безбедносни експерти уште од порано предупредуваа на заканата, терористите да се опремат со радиоактивни бомби, или со оружје за масовно уништување, произведено во „домашни“ услови, за да се употреби во некои терористички напад.
Ново на Сител
-
Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина
-
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина
-
На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, на „Богородица“ 40 минути
-
Дачиќ: Шест полицајци беа повредени во протестите, 38 лица се приведени
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за нестабилно време