Исламистички лидер осуден во Велика Британија за потикнување заминување во ИД
Еден од најпознатите исламистички верски лидери во Велика Британија, Анџем Чудари (49) е осуден во Лондон затоа што ги повикувал британските муслимански верници да ја поддржат групата Исламска држава и да се приклучуваат во нејзините редови, соопшти британската полиција.
Пресудата била изречена на 29 јули, но дури сега можеше да биде соопштена, поради заклучокот од еден друг процес, на група исламистички милитанти радикали на кои им било судено за слично кривично дело.
Заедно со Чудари, на процесот бил осуден и неговиот близок соработник Мохамед Мизанур Рахман.
Казната за обајцата ќе биде изречена на шести септември.
Со години на ред Чудари беше на работ да биде осуден за потикнување на радикализмот меѓу британските млади муслимани и за „рекламирање“ на терозримот, но секогаш успеваше да се провлече.
Полицијата и единицата за контра-тероризам тврдат дека многу британски муслимани кои се осудени за поврзаност со тероризмот- се радикализирале преку неговите говори и предавања.
Според безбедносните власти, нивното безмалку 20 годишно настојување да обезбедат обвинување за Чудари е постигнато со доказите за неговото делување во периодот меѓу крајот на јуни 2014 и почетокот на март 2015 година.
Во овој период тој е фатен како отворено ги поддржува ИД, нејзиниот „калифат“ како и регрутирањето на младите муслимани во оваа џихадистичка група, што е кривично дело со антитерористичкиот закон од 2000 година.
Во текот на судскиот процес тој одбил да ја осуди бруталната егзекуција на новинарот Џејмс Фоли, извршена од „Џихадистот Џон“ , во Сирија, во 2014 година.
Анџем Чудари во еден период беше портпарол на радикалната исламистичка група Ал Мухаџирун и многу често присутен во левичарските и пролибералните весници во Лондон, пресметувајќи се со ирачката воена интервенција, иако за оваа организација во Британија се поврзани десетина исламисти осудени од британските судови за тероризам.
Лидерот на организацијата, радикалниот исламист Омар Бакри Мухамед побегна од Лондон по терористичките напади на 7 јули 2005 година, по што му беше забрането враќањето во Британија. Сега се наоѓа во затвор во Либан.
Ново на Сител
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала