Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер

Искусни македонски планинарки и планинари и нивни гости планинари од Црна Гора и Германија, први на 1-ви јануари го освоија врвот Пелистер, висок 2.601 метар.
Во изјава за МИА, планинарот Иванчо Тошевски, воедно директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“, истакна дека освојувањето на Пелистер го почнаа во рамки на манифестацијата „Први на 1-ви“, на една минута по полноќ.
-Годинава на нашата петта по ред манифестација „Први на 1-ви“ учествуваа планинарки и планинари од 10 градови од Македонија, Црна Гора и Германија. Тргнавме од локација на Инфоцентар за искачување на врвот Пелистер. Нашата цел да се дочека првото изгрејсонце од еден од најубавите видиковци на Балканот успеа, иако имавме ниска темпераура на воздухот, но ведро небо и полна месечина, изјави Тошевски.
Манифестацијата ја организираа Олимпус Монс со поддршка на Општина Битола и во рамки на „Зимска приказна“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
