Искршено амбулантно возило во Вевчани
Непознат сторител вчера попладне го каменувал амбулантното возило на Здравствениот дом „Др. Светозар Чочороски“ од Вевчани. Директорот на установата Јован Стојковски оцени дека материјалната штета е мала, но оти чинот е срамен.
– Материјалната штета е мала, но чинот е срамен. Во ек на пандемија кога секојдневно се справуваме со предизвиците и им се помага на пациентите, возилото на Здравствениот дом е каменувано. Претпоствувам дека е некој помлад во пијана состојба, случајот е пријавен во полиција и се надевам ќе го откријат сторителот, изјави Стојковски.
Случајот го потврдија и од СВР Охрид, од каде посочуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
– Во полициското одделение Велешта вчера 16:30 часот, пријавено е оштетување на моторно возило на Итната медицинска помош, марка „Лада“, сопственост на Здравствениот дом од Вевчани. Според пријавата, засега непознат сторител скршил три бочни и предно ветробранско стакло од медицинското возило, кое било на паркинг простор пред Здравствениот дом, соопшти СВР Охрид.
Додека некој демолира, според Стојковски, општествено одговорни граѓани, компании и хуманитарни организации постојано донираат материјални и финансиски средства за установата.
– Хуманитарното здружение „Дијаспора“ од Лабуништа во април донираше болничко возило и кислородни боци. Компании и граѓани донираат заштитна опрема, потрошен материјали, пари. Со оглед на тоа дека ние сме установа за примарна здравствена заштита немаме многу средтсва на располагање, ограничени сме со капацитети и медицински потрошен материјал и донациите ни се многу значајни, истакна директорот.
Во Здравствениот дом во Вевчани во дневната амбуланта, според его, во моментот се лекуваат 40 пациенти позитивни или суспектни на Ковид 19, додека во амбулантата во Лабуништа, која е под нивна надлежност има 30 пациенти.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево