-->
-->
Иско и Реал ќе ја продолжат соработката
-->
Иско и Реал Мадрид се блиску до постигнување договор за продолжување на соработката.
Еден од најзаслужните играчи за триумфот на Реал Мадрид против Манчестер Јунајтед во Спер куп дуелот одигран во Скопје, Иско кој воедно го постигна и вториот гол за „Кралскиот клуб“, ќе остане во Мадрид до јуни 2022 гоина, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Самиот Иско кој беше прогласен за најдобар играч на Суперкупот, по натпреварот најави дека е блуску до продолќување на договорот.
„ „Можеби сега не е вистинскиот момент да се зборува за тоа. Сега треба да славиме. Но, можам да ви кажам само дека наскоро сè ќе биде завршено, блиску сум до нов договор“, изјави Иско.
Иако засега не се откриваат финансиките детали од новиот договор меѓу Иско и Реал, но сигурно дека шпанскиот репрезентативец кој летово беше „мета“ на повеќе клубови пред се од Премиер лигата ќе биде многу поголем од актуелниот, па шпанските медиуми шпекулираат со годишна плата од шест милиони евра
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД