Исклучени два далекуводи во неготинско од безбедносни причини, нема прекини во снабдувањето со електрична енергија

- Двата далекуводи на потегот од Пепелиште кон село Лакавица се исклучени од безбедносни причини со цел да се овозможат безбедни услови за интервенција од воздух и копно во гаснењето на пожарот. Исклучувањето нема никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија, информираа попладнево од АД МЕПСО.
- Дежурните далекуводни екипи на АД МЕПСО, во текот на изминатата ноќ и во раните утрински часови работат на терен и ја следат ситуацијата со огнената стихија која го зафати потегот од Пепелиште кон село Лакавица, каде што транзитираат 400kV далекувод ТС Дуброво - ТС Штип 1 и 110kV далекувод ТС Дуброво - ТС Бучим. Во координација со тимовите кои учествуваат во гаснењето на огнената стихија, двата далекуводи се исклучени од безбедносни причини, а се со цел овозможување на безбедни услови за интервенции како од воздух, така и од копно. Исклучувањето на далекуводите не предизвикува никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија, се наведува во информацијата од АД МЕПСО.
Оттаму посочуваат дека согласно одлуката и препораките на Владата за кризна состојба, екипите на АД МЕПСО, ќе ги насочат своите тековни теренски активности кон превентивно и активно учество во следење на состојбите со пожарите во близина на далекуводните траси.
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
