Исклучени 18 возачи од сообраќај вчера во Скопје
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач поради сторен останат прекршок. Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради не правилно престигнување, еден возач поради не давање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 57 мандатни платни налози и 47 возила се подигнати со специјално возило пајак. Изминатите денови се случиле 10 сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица се здобиле со телесни повреди.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште